Услови за соработка

Правила на компанијата, начин на плаќање и соработка на МИКРОКОМ кој е дистрибутер на повеќе светски брендови за територијата на Р.Македонија се следните:


1. За фирмите кои немаат склучено посебен договор за одложено плаќање, плаќањето е профактурно.


2. Веб продавница 2% попуст: За сите корисници кои се имаат регистрирано на нашата веб страна и ги проследуваат нарачките преку истата им следи веб попустот од 2%. Сите компании кои се регистрирани на нашиот њуслетер ке бидат благовремено известувани за сите наши акции и попусти со што ќе добијат екстра заштеди за своите компании.


3. Авансни попусти 3%: Сите компании кои имаат потпишано договор за деловна соработка со одложено плаќање можат да остварат дополнителен попуст од 3% за секоја фактура која ќе ја платат авансно или во рок од три дена. Овој попуст не важи само за артиклите кои се на акција или распродажба и за компаниите кои имаат склучено посебни договори со специјални цени.


За големите потрошувачи и порачки следуваат посебни попусти, јавете се за најдобра понуда.